Дали со овој коментар сестрата на Роналдо упати „отровна стрела“ кон Јувентус? (ФОТО)

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо се врати во Манчестер јунајтед, а неговата сестра Катја Авеиро имаше
коментар на социјалните мрежи по повод тој трансфер кој предизвика бурни
реакции во Италија.

Многумина во
коментарот на Катја увидоа „отровна стрела“ кон довчерашниот клуб на Роналдо,
Јувентус, а со зборовите „добредојде на местото кое го заслужуваш“, па така многумина
претпоставуваат дека таа со овој потег индиректно навела дека „Старата дама“ не
е клубот кој го заслужува Португалецот.

Добредојде дома
љубов моја, добредојде на местото кое го заслужуваш. Која среќа, која гордост.
Ти благодарам што си ваков голем човек
“ напиша таа на социјалните мрежи
објавувајќи фотографија од нејзиниот брат по повод трансферот во Манчестер
јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×