Дали со оваа изјава Бејл упати „отровна стрела“ кон Мурињо?

by
1 минути читање

Тотнем се искачи
на петтото место на табелата во Премиерлигата откако дојде до победа над
Саутемптон вчера на домашен терен со 2-1, но за посакуваните три бода на „Спарси“
им беше потребен пресврт со головите на Бејл и Сон.

Како и да е, 29
годишниот Рајан Мејсон тргна со победа на клупата на Тотнем по отказот за Жозе
Мурињо, а со меч повеќе од четвртопласираниот Челси, „Спарси“ заостануваат два
бода зад посакуваната позиција.

Се чини дека
Герет Бејл ги дочека своите пет минути, па и повеќе од веројатно е дека
неговата изјава директно е наменета за Мурињо, во однос на негативниот стил на
игра кој го негува португалскиот фудбалски стратег.

Можеби само е
потребно да бидеме повеќе на противничката половина, ние сакаме да напаѓаме,
ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме и тоа го сторивме денеска
“ рече Бејл за
„Скај Спортс“ на прашањето во кој дел Тотнем треба да се подобри по ерата на
Мурињо.

Мурињо се
соочуваше со доста критики на клупата на Тотнем најмногу поради дефанзивниот стил
на игра кој го практикуваше за тимот од Северен Лондон, кој му врачи отказ на
неколку дена пред финалето од Карабао купот против Манчестер Сити, одзимајќи му
ја шансата да продолжи со традицијата да освојува трофеи со сите клубови кои ги
предводел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани