Дали Роналдо најави крај на саудиската авантура? „Ова поглавје заврши“

by 24 фудбал
1 минути читање

Кристијано Роналдо повторно во фокусот! Португалската фудбалска легенда го привлече вниманието на фудбалската јавност со емотивна објава на социјалните мрежи, веднаш по последниот натпревар на Ал-Наср оваа сезона.

Ал-Наср со пораз од 3-2 против Ал-Фатех го затвори шампионатот, а со тоа и ја загуби шансата за настап во азиската Лига на шампиони. Екипата на Стефано Пиоли заврши на третото место, што не беше доволно за големите амбиции на клубот.

Роналдо по мечот се огласи и даде до знаење дека доаѓа до пресврт во неговата кариера:

Ова поглавје е завршено. Мојата историја сè уште се пишува. Благодарен сум на сите“, напиша Роналдо, оставајќи простор за шпекулации.

Иако неодамна го прослави својот 40-ти роденден, Роналдо не планира пензија. Напротив – најави дека многу наскоро ќе открие каде ќе ја продолжи кариерата. Фудбалската публика со нетрпение го очекува следниот потег на еден од најдобрите на сите времиња.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани