Дали Рома ќе добие пари за Џеко или тој бесплатно ќе се пресели во Интер? Зависи од еден интересен бонус

by
0 минути читање

Според италијанскиот експерт за трансфери, Џанлука Ди Марцио, Интер нема да плати класично обесштетување за Един Џеко.

Договорот е сума од приближно два милиони евра, но во бонуси.

Конкретно, Рома ќе добие 1,9 милиони евра за Џеко само доколку Интер се пласира во Лигата на шампионите.

Со оглед на тоа што од шампионскиот тим на Интер си заминаа Конте, Лукаку и Хакими, од познати причини нема да игра ниту Ериксен, а тимот ќе настапува на два силни фронта, ваквиот бонус многумина го сметаат за ризичен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×