Дали резултатот на синоќешното „Ел класико“ може да влијае врз иднината на Халанд? (ФОТО)

by
1 минути читање

Фокусот на
фудбалската јавност синоќа беше насочен кон „Сантијаго Бернабеу“, Реал Мадрид
ја пречека Барселона во големото „Ел класико“, а „каталонците“ се прикажаа во
одлично светло и си заминаа со голема победа од 0-4.

Реакции имаше од
сите страни, а на медиумите од Шпанија во очи им паѓа постот на поранешниот
норвешки фудбалер, Јан Аге Фјортофт. Тој е многу близок до семејството Халанд, па
неговата честитка до Барселона некои ја толкуваат како информација дека не е се
загубено во битката за потписот на напаѓачот.

„Каков резултат
за Барса! За Чави! И за Обамејанг! Почит“
– напиша Фјортофт на Твитер.

Шпекулациите велат дека
Чави два пати разговарал со Ерлинг Халанд, му ги пренел плановите за иднината и
му ветил дека ќе биде клучен играч околку кој ќе се гради новиот шампионски тим
на Барселона.

Сепак, се верува дека Барса е аутсајдер во битката со Реал Мадрид, особено со Манчестер Сити, кој му нуди многу повеќе пари на напаѓачот. Останува да се види дали синоќешното „Ел класико“ ќе влијае врз изборот на Норвежанецот

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×