Синоќа ПСЖ го одигра последниот натпревар за оваа сезона, а како дел од промените за следната се очекува подобро менаџирање на голманската позиција. Со двајца врни голманите како што ги има клубот, настанува проблем, тензија меѓу нив и лоша атмосфера бидејќи и двајцата сакаат да бранат редовно.
Се шпекулираше дека Навас ќе биде продаден, а Донарума ќе остане, но така не мисли поранешниот голман на Реал.
На прашањето дали ќе остане во ПСЖ, Навас одговори: „Да, да… имам уште две години од договорот тука во ПСЖ“.
Ист е ставот и на Донарума кој не сака да си оди од ПСЖ.
Се верува дека раководството на клубот сака да го продаде Навас, а да го задржи Донарума, но прашање е дали ќе се најде купувач.