Дали ова се првите последици од ковид-19 кај фудбалер? Диего Коста има длабока венска тромбоза

by
1 минути читање

Фудбалерите лесно
се справуваат со коронавирусот и брзо се враќаа на терените. До сега нема
пријави за последици од ковид-19, но Диего Коста може да биде првиот случај.

Бразилецот со
шпански пасош, кој во септември беше позитивен на ковид-19, оваа недела се пожалил
на болки во ногата, лекарскиот тим на Атлетико му направил детални тестови и било
откриено дека тој има длабока венска тромбоза во десната нога.

Ваквата состојба
не е поврзана со претходна траума или повреда, па постои сомнеж дека ова може да
биде последица на ковид-19.  

Во моментов не е
јасно колку време ќе паузира Диего Коста, може да биде надвор од терените
неколку дена па се до еден месец во зависност од тоа колку е сериозна работата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×