Дали ова е доказ дека Руни останува во Манчестер јунајтед? (ФОТО)

by
1 минути читање

Тимот од „Олд
Трафорд“ во ново руво се враќа на Европските патеки, па така откако ја освои
Лига Европа, во идната сезона избори директно учество во групната фаза од
Лигата на шампионите.

Во третата година
од нивната десетгодишна договорена соработка со „Адидас“ (вредна 750 милиони
фунти), направија мини-измени во изгледот на примарниот дрес, оној
традиционалниот во црвена варијанта кој претежно се користи на натпреварите кои
тимот ги игра на свој терен, по потреба и на гостински.


Она што остана
најзабележително од презентацијата на новите дресови, е тоа што токму капитенот
на тимот Вејн Руни се најде на презентацијата на истите. Според многумина овие
детаљи во голема мера влијаат во клупската политика во однос на тоа дали
одредени фудбалери ќе си заминат, или пак ќе останат во клубот.

Одредени ситуации
покажуваат спротивно, но останува отворено прашањето дали ова е доказ дека Вејн
Руни и во следната сезона ќе биде во Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани