Откако го потпиша богатиот договор со Арсенал, Обамејанг падна во формата во англискиот тим, поради неговото непрофесионално однесување, Артета во последните месеци од минатата година го закова на клупата.
Обамејанг замина од Арсенал бесплатно, дури доби и обесштетување за раниот раскин на договорот, напаѓачот се препороди во Барселона.
Тој брзо по потпишувањето за Барселона рече дека Артета е единствениот со кој немал добар однос во Арсенал.
Обамејанг беше посочуван од фудбалските фанови како фудбалер на кој веќе му е „завршена кариерата“, а можеби тоа го мислеше и Артета па лесно се ослободи од него.
Обамејанг на девет натпревари како стартер даде десет голови за Барселона, од кои два беа против Реал Мадрид.
По натпреварот преку социјалните мрежи Обамејанг како да сакаше да му каже нешто на Артета и на оние кои велеа дека неговата кариера е завршена.
„Поздрав од фудбалерот на кој му заврши кариерата“, напиша Обамејанг.
Hello from the finished player
pic.twitter.com/MUPmsznoup— AUBA(@Auba) March 21, 2022
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.