Дали Несторовски веќе го одигра последниот натпревар за Палермо?

by
1 минути читање

Популарниот „Нестогол“ е прв играч на Палермо, до овој момент има постигнато 10 погодоци, па е мета на неколку клубови од Серија А.

Медиумите од Италија денеска одново ја актуелизираа темата за трансферо на Илија Несторовски во Торино. „Биковите“ се во потрага на голгегер кој ќе биде резерва на Андреа Белоти но и ќе игра покрај „Петелот“ во форот.

Тутоспорт пишува дека Илија Несторовски и идеален кандидат за исполнување на тренерот Синиша Михајловиќ. Утре е првото сослушување за банкрот на Палермо, па во зависност од тоа како ќе се одвиваат работите ќе следи и соодветна понуда.

Во меѓувреме, медиуми блиску до Палермо објавија дека Илија Несторовски најверојатно нема да се врати на терените оваа година.

Македонецот заработи повреда на бутниот мускул поради која требаше да го оддалечи од терените околу три недели и се најавуваше дека напаѓачот ќе се врати за средбата против Салернитана на 28. декември.

Но последните информации велат дека тој нема да биде подготвен за овој дуел, па се поставува прашањето дали Илија Несторовски веќе го одигра последниот натпревар и во јануари ќе го гледаме во дресот на друг клуб.

Покрај Торино, за „Нестогол“ интерес пројавува и Фиорентина, а самиот Маурицио Ѕампарини сугерираше дека е подготвен да се раздели со својот најдобар играч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани