Дали Наполи ќе го продолжи „трендот“: Конте како Спалети заминува по освоено скудето?

by 24 фудбал
1 минути читање

Иако Антонио Конте успеа да го врати Наполи на врвот на италијанскиот фудбал, неговата иднина на „Диего Армандо Марадона“ е под знак прашалник.

По тешка сезона во која на зима го загуби Кварацхелија, Конте успеа да извлече максимум и да го донесе Скудетото назад во Наполи, но односите со претседателот Аурелио Де Лаурентис не се идеални. На прославата по победата над Каљари, двајцата едвај се поздравија, што дополнително ги подгреа шпекулациите.

Ако некој не е среќен со опкружувањето, тогаш треба да го промени сценариото – како што направи Спалети“, изјави Де Лаурентис на својата роденденска забава.

Иако му оддаде признание за новата титула, Де Лаурентис повторно покажува дека не е подготвен да се адаптира на барањата на своите тренери – нешто што веќе го направи со Спалети.

Во Италија веќе се шпекулира дека Конте би можел да се врати во Јувентус или да го преземе Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани