414
Езгјан Алиоски е
во фокусот на англиската јавност откако имаше интересна реaкција на дуелот против
Барнли. Македонецот се спречка со Двајт Мекнил и направи гест со кој добро ги
насмеа сите.
На Англичанецот
не му се допадна потегот на Езгјан Алиоски па го пријави кај судијата и
протестот треба да биде проследен до ФА на разгледување.
Но на социјалните
мрежи е објавено видео од кое се гледа дека Двајт Мекнил е тој кој прв прави
недоличин гест. Додека Македонецот лежеше на тревата, фудбалерот на Брајтон му
пријде и се добива впечаток дека го плукна.
Останува да се
види што ќе има во извештајот на судијата и дали ФА ќе покрене постапка.