Се поизвесно е дека Дембеле и Барселона нема да постигнат договор за продолжување на соработката, информациите од таму велат дека тој сигурно заминува.
Како најсериозен кандидат за неговиот потпис се посочуваше ПСЖ, но последните вести се дека конкретен интерес има и од Ливерпул.
Според „Спорт“, претставници на Ливерпул стапиле во контакт со Дембеле и се распрашувале за неговите барања за плата.
Гласно се шпекулира дека Мане би можел да замине во Баерн Минхен, па можеби Ливерпул во Дембеле ја гледа замената за него.
Како и да е, тешко е да се поверува дека Ливерпул може да го победи ПСЖ во борбата за некој играч. Францускиот клуб веројатно може да му понуди подобар договор, но можеби Дембеле сака да се проба во Премиерлигата.