Дали Карло Анчелоти го потврди Чаби Алонсо како свој наследник?

by 24 фудбал
1 минути читање

Карло Анчелоти пред последното Ел Класико во сезоната се осврна на шпекулациите дека Чаби Алонсо ќе го наследи на клупата на Реал Мадрид – иако не потврди заминување, остави простор за толкување.

Искусниот стратег не криеше колку го цени Алонсо и начинот на кој работи во Баер Леверкузен.

Прочитав дека Чаби Алонсо треба да ме наследи. Искрено, тој си ја врши работата фантастично и верувам дека сите врати му се отворени.Медениот месец“ со Реал никогаш нема да заврши, како и со Милан – тоа се клубови кои засекогаш ќе имаат место во моето срце. А што се однесува до моите најубави моменти тука – тоа се Лисабон, Париз и Лондон“, потсети Анчелоти на трите финалиња од Лигата на шампиони што ги освои со „кралевите“.

Повеќе од јасно – Анчелоти го подготвува теренот за нова ера на „Сантијаго Бернабеу“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани