Голманот на ПСЖ,
искусниот Џанлуиџи Буфон верува дека неговиот поранешен клуб, од каде премина
во редовите на францускиот првак, Јувентус, е најсилниот тим оваа сезона во
Лигата на шампионите.
40 годишниот
Буфон верува дека Старата дама веќе докажала дека се најдобрата екипа во
моментов на европскиот клупски турнир, а како главна причина за таквото негово
мислење го вметна Роналдо.
„Дали Јувентус во
моментов е најсилната екипа? Да! Тоа го велам бидејќи тие се екипа која веќе
посочи силни и прецизни индикации, можеби најдоброто од нив нема да го видиме
оваа година. Претходно ние бевме една од најсилните екипи, сега, кога ќе го
додадете Кристијано Роналдо, јасно е дека Јувентус е екипа против која никој не
сака да игра“ рече Буфон.