115
Франција се
избори за место во големото финале од Лигата на нации откако синоќа славеше со
3-2 против Белгија, а еден момент од пресметката придонесе за низа коментари на
социјалните мрежи помеѓу љубителите на фудбалот.
Се работи за
моментот кога ѕвездата на Реал Мадрид, Еден Азар му пријде на Килијан Мбапе од
ПСЖ, а по еден коментар на Белгиецот, Французинот се насмеа, па многумина се
пошегуваа дека Азар всушност му рекол „Хала Мадрид“ на младиот фудбалер за кого
се верува дека уште во јануари би можел да постигне преддоговор со „Кралевите“.