Навивач на Џенова предвреме славеше и направи тетоважа во чест на испаѓањето на Сампдорија која му се врати како бумеранг.
Навивач на Џенова се обиде на оригинален начин да го прослави (по негово мислење) историскиот пад на омразениот ривал Сампдорија во Серија Ц, но приказната доби сосема поинаков крај – еден што сигурно ќе го памети долго време.
На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа тетоважа со датумот кога Сампдорија требаше да го доживее најголемиот срам во својата историја – испаѓање во третиот ранг на италијанскиот фудбал. Но, иако на теренот клубот навистина ја заврши сезоната на позиција што носи преселба во Серија Ц, ситуацијата се смени надвор од теренот.
По крајот на сезоната, Бреша доби казна со одземање бодови, што ѝ овозможи на Сампдорија да се искачи на позиција што води во бараж. Тимот од Џенова таму беше подобар од Салернитана и успеа да избори опстанок, оставајќи го навивачот на Џенова со траен потсетник на една несудена радост.