Еден од нив е Антонио Ридигер од Челси. Лондонскиот клуб засега не може да се договори со дефанзивецот за продолжување на соработката, па тој веќе од јануари ќе може да преговара со други клубови.
Според „Марка“, Реал Мадрид е фаворит за потписот на Ридигер, приоритет за кралскиот клуб е трансферот да се случи по крајот на сезоната кога фудбалерот бесплатно би пристапил, но во зависност од конкуренцијата, тие би можеле да испратат понуда и во јануари.
Дилемата на Челси е дали да го продаде Ридигер во јануари и да оствари профит од неговото заминување или да дозволи да му истече договорот до крајот на сезоната и да го загуби бесплатно.
Томас Тухел сака Ридигер да остане најмалку до крајот на сезоната бидејќи тешко ќе може да се најде соодветна замена за него во јануарскиот преоден рок.
Челси има две опции, едната е да ја исполни желбата на Тухел, да го остави Ридигер до крајот на сезоната, а втората е да го продаде дефанзивецот во јануари и да заработи на неговото заминување.
Во меѓувреме Челси се уште ќе се обидува да го убеди Ридигер да потпише нов договор.