Барселона во следните 24 часа ќе се обиде да го ослободи Чави од обврските со Ал Сад и да го именува за нов тренер.
Неколку извори пренесуваат дека во договорот на Чави има откупна клаузула од 5 милиони евра, и доколку двете страни не најдат решение, Барса ќе треба да ја плати оваа сума.
Работата се комплицира поради тоа што Жоан Лапорта не отпатува во Доха лично да преговара со шеикот. Според ТВ3, сопственикот на Ал Сад нема намера да седне на маса со Рафа Јусте (потпретседател на Барса) и Матеу Алемани (спортски директор на Барса) и ќе испрати некој од директорите на клубот.
Сепак, одредени извори пишуваат дека Чави има вербален договор со сопственикот на Ал Сад да може да замине без проблем доколку добие понуда во Барса и откупната клаузула од 5 милиони евра не важи за „каталонците“
Не се исклучува можноста Барселона да одигра еден или два пријателски натпревари против Ал Сад како знак за добра соработка и разбирање помеѓу двата клуба.