Дали ангажман на Алаба значи и заминување на Рамос од Реал Мадрид?

by
1 минути читање

„Марка“ доцна синоќа излезе со објава дека Реал Мадрид и Давид Алаба си подале рака и тој по крајот на сезоната ќе се пресели на Сантијаго Бернабеу како слободен играч.

Со ангажманот на Алаба се зголемуваат шансите да не биде продолжен договорот на Серхио Рамос.

Претходно се пишуваше дека раководството на Реал Мадрид не сака да му ги исполни барањата на Рамос бидејќи смета дека подолгорочно решение е ангажман на Алаба, а не нов договор на својот капитен.

Не се исклучува можноста Рамос да го продолжи договорот и да формираат одбрамбен тандем со Алаба, но се верува дека тоа нема да се случи. Шпанецот ги игра последните месеци во Реал Мадрид и наскоро ќе почне со одбирање на својот нов клуб. Тој од јануари веќе може да преговара со други клубови.

Клубови кои се поврзуваат со Серхио Рамос се ПСЖ, Манчестер јунајтед и Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×