90
Многумина се
сложуваат во тоа дека напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски кој игра на
високо ниво подолг период, заслужува да ја освои „Златната топка“ за најдобар
фудбалер на светот.
Пред извесен
период низ јавноста протече документ во кој јасно се гледа дека токму
Левандовски има најмногу гласови, а легендарниот шпански фудбалер Луис Суарез
беше краток и јасен за тоа кој ја заслужува престижната награда.
„Дајте му ја
Златната топка на Левандовски, по ѓаволите! Во спротивно, јас ќе му ја дадам
мојата“ рече Суарез, кој инаку е единствениот Шпанец кој ја има освоено таа
награда.