Да се потсетиме на неговите коментари: Дали Анчелоти ќе остане на својот став против Суперлигата?

by
2 минути читање

Речиси целата
фудбалска јавност вклучително тренери и фудбалери застанаа против т.н. Европска
Супер Лига која уште не започната, пропадна како идеја откако повеќето клубови
се повлекоа, а остана само триото Барселона, Реал Мадрид и Јувентус, кои сега
се соочуваат со санкции од УЕФА поради не-отстапувањето.

Помеѓу оние кои
јавно се залагаа против Суперлигата беше и старо-новиот тренер на Реал Мадрид,
Карло Анчелоти, кој веќе и официјално го наследи Зинедин Зидан на таа позиција
во шпанскиот гигант.

Мојата првична
реакција кога ги видов вестите за сево ова беше помислата дека тие се шегуваат,
јас помислив дека тоа е шега
“ рече тогаш Анчелоти.

Тоа е шега
бидејќи сето тоа нема да се случи, невозможно е, најважното во сево ова е тоа
што тие сакаа да изградат натпреварување без спортско мерило, тоа е
неприфатливо, во нашата култура ние имаме спортски дух за натпреварување,
доколку сте добри, тогаш ќе играте фудбал и ќе бидете професионалци, доколку
сте подобри од другиот тим, тогаш ќе победите, а ќе играте и во најдоброто натпреварување

додаде италијанскиот фудбалски стратег, а за момент и даде свој коментар на тоа
што одредена група луѓе алудираа дека можеби е потребно фудбалско
натпреварување во стилот и форматот на мега популарната кошаркарска лига НБА.

Спортската
култура во Европа е различна од онаа во американските спортови, бидејќи самите
луѓе се различни, во САД спортот е забава, а во Европа ние повеќе живееме со
пасија кон истиот, кога ќе пораснеме, сакаме да ги победиме нашите соседи

нагласи Анчелоти.

Интересно е тоа што јавноста беше сведок и на големи пресврти кај ставовите на неколку познати лица од фудбалскиот живот, меѓу кои и старо-новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта кој во целост го промени својот став по прашањето за Европската Суперлига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×