Да се игра против Манчестер Сити е најтежок меч во светот на фудбалот, смета Клоп

by
1 минути читање

Предводникот на
бранителот на титулата во Премиерлигата, Ливерпул, Јирген Клоп ги предупредува
своите избраници дека натпревар со Манчестер Сити несомнено е најтешкото нешто
во светот на фудбалот.

Веќе е познато
дека „Редсите“ ќе бидат без Тијаго Алкантара на утрешното гостување кај „Граѓаните“,
а во последниот двобој помеѓу овие две екипи славеше Манчестер Сити на свој
терен убедливо со 4-0.

Тоа е најтежок
натпревар во светот на фудбалот, така ние треба да бидеме добро подготвени на
тоа. Останатите екипи се навистина добри, доколку ние требаше да ги одмериме
силите со Баерн Минхен, тогаш би кажал дека тие веќе подолг период играат
фантастично, сигурно дека не би рекол дека недела е ден за прошетка низ паркот

вели Клоп чиј тим има пет победи во низа во сите конкуренции.

Меч со Манчестер
Сити се игра на едно многу високо ниво, верувајте, тоа е тежок предизвик, за
кој треба да бидете претпазливи и внимателни во секој сегмент од играта, а
воедно играат и во добра форма, а доколку не ги искористите шансите кои ќе ви
се укажат на меч со таков противник, тогаш можете да си создадете проблеми во
однос на резултатот
“ додаде Германецот.

Ливерпул по
седумте одиграни кола има пет победи и по едно реми и пораз, од друга страна
пак, Манчестер Сити од шест меча запиша три победи, две ремија и еден пораз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани