„Да ми се јавеше Флорентино наместо Барса, ќе пливав до Мадрид!“

by bojan
1 минути читање
Навас

Кејлор Навас откри дека добил повик од Барселона по тешката повреда на Тер Штеген, но не бил заинтересиран поради своето минато со Реал Мадрид.

Во емисијата „Ел Ларгеро“, Кејлор Навас даде свое мислење за финалето во Копа дел Реј помеѓу Реал Мадрид и Барселона. Голманот исто така ја искористи оваа прилика да открие дека добил понуда од „каталонците“ по тешката повреда на Тер Штеген, но не бил заинтересиран поради своето минато со „кралевите“.

„Една работа научив играјќи на „Ел Класико“ или финале со Реал Мадрид – не е важно како тимот играл до тој момент. Реал Мадрид има победничка ДНК и 100% ќе се бори за победа. Никој не сака да загуби од лутиот ривал“ – вели Кејлор Навас.

Запрашан за гласините кои го поврзуваа со Барселона, голманот на Њуел Олд Бојс вели: „Му се јавија на мојот агент. Да, фудбалот е само работа и ми годеше тоа што тимот кој ми беше ривал сака да ме ангажира. Им благодарам, на ова гледав како на комплимент“.

„Но комплицирано е… Друга песна ќе беше да ми се јавеше Флорентино Перез наместо Барса. Ако требаше ќе пливав до Мадрид“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани