Цветаноски му даде гол на Шишковски и ја запали „Грбавица“ (ВИДЕО)

by riste
0 минути читање

Синоќа во најдобрата лига на Босна и Херцеговина се одигра македонско дерби, Железничар против Борац Бања Лука, односно Матиј Цветаноски против Дамјан Шишковски и Бобан Николов.

Натпреварот заврши со 2-1 за Железничар, тоа беше победа со пресврт кој го најави Цветаноски.

Македонецот мечот го почна од клупата, во игра влезе во 57. минута, а во 76. минута постигна убав гол за израмнување на 1-1.

Шишковски беше меѓу стативите на голот на Борец, а Николов исто така беше во стартниот тим, од игра беше повлечен во 80. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани