88
Македонија У21 во вторник го игра последниот меч од квалификациите за Европското првенство, а селекторот Милевски нема да смета на еден од носителите на играта, Дарко Чурлинов.
Откако се појавија неколку позитивни случаи на ковид-19, Штутгарт инсистирал Чурлинов да се врати во Германија, селекторот Милевски му дозволил да замине.
Покрај Чурлинов, во составот ќе недостасуваат Димитар Митровски, Ердон Даци, Давид Тошевски, Бојан Илиевски и Љавдрим Фазлиу, се претпоставува дека тие петмина се позитивни на ковид-19.