Чуамени не може против природата, го пропушта финалето во Лигата на шампиони, а можеби и ЕВРО 2024

by bojan
1 минути читање
Чуамени

Орелиен Чуамени нема да се опорави на време за финалето во Лигата на шампиони, фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид ќе биде неизвесен и за Европското првенство.

Иако нема официјална потврда, Марка вели дека Орелиен Чуамени дефинитивно отпаѓа од комбинација за финалето во Лигата на шампиони.

Фудбалерот на Реал Мадрид, кој заработи повреда на левото стапало против Баерн Минхен, се консултирал со неколку доктори, па дури бил и во САД со желба да најде начин побрзо да се врати на терените.

Но одговорот секаде бил ист, не се може против природата и потребно е време да заздрави фрактурата на коската (трета метатарсална).

Не само што ќе го пропушти финалето во Лигата на шампиони, Орелиен Чуамени ќе биде неизвесен и за Европското првенство.

Марка потенцира дека за слични проблеми, Французинот паузирал 50 дена во периодот од крајот на октомври до средината на декемри минатата година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани