165
Директорот на Црвена звезда, Звездан Терзиќ потврди дека нивна желба е ангажман на Дзјуба кој треба да им помогне да се пласираат во групната фаза од Лигата на шампионите.
„Сакаме да го ангажираме Дзјуба. Со негова помош сакаме да обезбедиме место во Лигата на шампионите следната сезона“, изјави Терзиќ.
33-годишниот Дзјуба од 2015 година е член на Зенит, во сезоната 2021/22 постигна 13 голови и имаше 10 асистенции на 36 меча.
Тој е капитен на руската репрезентација за која има одиграно 55 натпревари и дадено 30 голови.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.