Црвена звезда одигра само реми против Шериф во Белград

by
1 минути читање

Црвено-белите разочараа на првиот натпревар против Шериф Тираспол преку кој треба да се пласираат во плеј-офот за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.

Тираспол имаше и водство во Белград, тие поведоа со погодок на Кастенада во 33. минута. Изедначи Диони со гол во самиот финиш од првото полувреме.

Кканга во 58. минута заработи втор жолта картон па Црвена звезда повеќе од половина час играше со фудбалер помалку.

На свој терен киксна и Олимпијакос кој се спасуваше од пораз против Лудогорец.

Бугарскиот тим поведе во 50. минута преку Десподов, изедначи Камара на три минути пред крајот.

ПСВ со 3-0 го победи Митјиланд во Ајндховен, Монако со 2-0 славеше на гостувањето кај Спарта Прага, Ренџерс со 2-1 загуби кај Малме.

Резултати трето квалификациско коло за ЛШ:

Малме – Ренџерс 2:1

Спарта Прага – Монако 0:2

Клуж – Јанг Бојс 1:1

Генк – Шахтар 1:2

ПСВ – Митјиланд 3:0

Црвена звезда – Шериф 1:1

Олимпијакос – Лудогорец 1:1

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани