Црвена звезда и Динамо Загреб на коло пред крајот обезбедија нокаут фаза во Лига Европа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Црвена звезда не го победи Хофенхајм но ја оствари целта, на коло пред крајот обезбеди европска пролет.

Хофенхајм беше подобар тим, но и нив им одговараше овој резултат, тие го обезбедија првото место во групата од која испаѓаат Либерец и Гент. Чешкиот тим денеска славеше со 2-1 во Белгија.

Динамо Загреб со 2-0 победи на гостувањето кај Феенорд и како првопласиран обезбедува место понатаму.

Петковиќ од пенал во судиското продолжение од првиот дел донесе водство, Мајер по асистенција од Адеми во вториот дел ги постави конечните 2-0.

Во оваа група Волфсбергер со 1-0 победи кај ЦСКА Москва. 

Волфсбергер и Феенорд во последното коло во директен дуел ќе се борат за второто место, Австријците имаат седум бода, холандскиот тим пет и му треба победа.

Асистенцијата на Адеми:

Можно е и ова да ти се допаѓа

×