538
Црвена звезда беше поконкретна од Лудогорец и заслужено се радува на втората победа во Лига Европа. Единствениот погодок на мечот беше дело на Канга во 64. минута.
Динамо Загреб со 3-0 победи кај Генк. Адеми играше до 64. минута, Ристовски настапи на целиот меч. Хрватскиот тим поведе со гол на Иванушец во 10. минута, два гола од пенал постигна Петковиќ.
Леверкузен со 4-0 победи на гостувањето кај Селтик, Лацио со 2-0 го совлада Локомотив Москва, Вест Хем со истиот резултат беше подобар од Рапид Виена.