Чорлука им поедностави на Русите: Ви недостасуваат м*да на клучните натпревари

by
1 минути читање

Хрватска и Русија
одиграа директен дуел за првото место во квалификациската група „Х“ за пласман
на Светското првенство, а „Коцкестите“ благодарение на автоголот на Кудријашов
дојдоа до минимален триумф и ги решија сите дилеми.

Поранешниот
репрезентативец на Хрватска, Ведран Чорлука, како бивш член на Локомотив Москва
поразговара со руските медиуми и директно им посочи што им недостасува за
успех.

Одигравме добар
меч, квалитетно притискавме од сите страни, совршено напаѓавме, не и дозволивме
на Русија да не изненади, очекувавме да го контролираме мечот
“ рече Чорлука во
неговата анализа за руски „Спорт Експрес“, каде беше доста конкретен во
неговото објаснување за тоа зошто Русија нема значителни успеси на фудбалски
план.

Ви се допаѓало
тоа, или не, кога би се споредиле двете екипи, ќе утврдите дека имаме подобра
екипа, ова не е непочитување кон вашата репрезентација, тоа е само факт, секако
дека можете до пласман на Светското првенство низ дополнителните квалификации,
игравте многу тешки натпревари во квалификациите, а запишавте и победи, да ги поедноставам
работите и да ви кажам како ние тоа го велиме во Хрватска, на Русија и
недостасува м*да во клучните натпревари, морате да ги имате
“ подвлече тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани