Чурлинов веднаш се најде во стартниот тим, Погон победи!

by riste
0 минути читање

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов го одигра првиот официјален натпревар за неговиот нов клуб, Погодн Шчечин од Полска.

Погон со 2-0 славеше на гостувањето кај Краковија.

Чурлинов беше стартер на мечот и одигра 60 минути, по што беше изваден од игра. Во тој момент Погон водеше со 1-0.

Ова беше натпревар од второто коло во полското првенство и прва победа за Погон. Во првото коло загубија од Легија, Чурлинов не беше дел од тој меч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×