Чурлинов и Јагелонија загубија со 2-0, но ќе играат во четвртфинале од КЛ

by riste
1 минути читање

Јагелонија успеа да ја одбрани предноста од 3-0 по првиот меч, полскиот тим загуби со 2-0 на гостувањето кај Серкл Бриж, Дарко Чурлинов влезе од клупата.

Серкл Бриж поведе уште во осмата минута со гол на Ван дер Бруген, а по пет минути игра во вториот дел Фелипе Аугусто зголеми на 2-0.

Чурлинов во игра влезе во 58. минута и успеа со своите соиграчи да го сочува резултатот и да се пласира во четвртфиналето од Конференциската лига.

Таму се пласираше и Ѓургарден кој со 3-0 го совлада Пафос и со вкупни 3-1 оди понатаму.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани