Човекот кој помина 15 години во Лацио може да биде нов спортски директор на Милан

by Стефан
1 минути читање

Наредната сезона во редовите на Милан може да донесе големи проблеми, а нови имиња се очекуваат и во менаџментот.

Медиумите пренесуваат дека ќе биде назначен нов спортски директор и според Џанлука Ди Марцио прв фаворит за оваа позиција е албанската легендам Игли Таре.

Минатата недела тој одржал состанок со претседателот на Милан, Гери Кардинале и Златан Ибрахимовиќ засега е во најдобрап озиција.

Зад себе Таре има големо искуство извршувајќи ја оваа функција цели 15 години во редовите на Лацио од 2008 до 2023 година.

Како можни опции се споменуваат Андреа Берето кој работеше во Атлетико Мадрид и екс-директорот на Јувентус, Фабио Партичи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани