Чиста злоба или само била кажана вистината, што се крие зад новиот хаос во Милан?

by bojan
1 минути читање
Милан

Милан е во нов хаос откако синоќа медиумите објавија коментари од портпаролот на Сержо Консеисао, тренерот бил разочаран од се во Милан – од инфраструктурата, физичката подготвеност на играчите, залагањето на главните ѕвезди, па до директорите и газдата Гери Кардинале.

„Росонерите“ врзаа три порази во низа во Серија А и направија значаен чекор назад во борбата за топ 4 пласман и настап во Лигата на шампиони, имаат -11 во однос на Јувентус.

И не само што резултатите се очајни, има лоша атмосфера во соблекувалната. Клубот сега е во нов хаос откако синоќа медиумите објавија коментари од портпаролот на Сержо Консеисао.

Тој објаснил дека тренерот бил разочаран од се во Милан – од инфраструктурата во тренинг центарот во Милано, физичката подготвеност на играчите, залагањето на главните ѕвезди, па до директорите од кои не добивал соодветна поддршка, ниту пак имало јасен проект, и газдата Гери Кардинале, кој бил „оддалечен“.

Попладнево Сержо Консеисао ја раскажа својата страна на приказната вели дека нема вистина во ова, коментарите биле само чиста злоба од лице со кое повеќе не соработува.

„Жал ми е за ситуацијава, искрено не разбирам, не ми е јасно зошто ова ми го прави мојот поранешен соработник. Не знам дали некој му платил“ – вели тренерот на Милан.

„Мислам дека го направи од чиста злоба“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани