Челси по триумфот во Конференциска лига извојува победа и на трансфер пазарот – ја доби битката за Делап

by bojan
1 минути читање
Делп

Неколку извори од „островото“ објавија дека Челси ја добил битката за потписот на Лиам Делап, напаѓачот беше мета на неколку клубови, но решил да му даде приоритет на проектот на „сините“.

Челси синоќа го совлада Бетис во финалето во Билбао и го подигна трофејот во Конференциска Лига. Веќе денеска „сините“ издвојуваа уште една важна битка, овој пат на трансфер пазарот.

Како што пренесуваат медиумите од „островото“, Челси ја добил трката за потписот на Лиам Делап.

Манчестер јунајтед, Евертон, Њукасл и Нотингем Форест беа дел од клубовите кои сакаа да го ангажираат младиот напаѓач, но тој на крајот решил да му даде приоритет на проектот на „сините“.

Можноста за соработка со Енцо Мареска како и настапот во Лигата на шампиони ја направиле разликата.

Трансферот ќе биде вреден околу 30 милиони фунти, колку што изнесува откупната клаузула во договорот на Лиам Делап.

ФОТО: X/Ipswich

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани