1,1K
Според информациите на францускиот „Л’Eкип“, Чави Ернандез наскоро би можел да се врати на тренерската работа и тоа во Италија.
Францускиот медиум објави дека Јувентус размислува за смена на Тијаго Мота, иако со него „старата дама“ претрпе само еден пораз во Серија А. Јувентус ретко губи сезонава, меѓутоа поради преголемиот број нерешени натпревари тимот се наоѓата на петтата позиција со 16 бода помалку од Наполи кој е лидер.
Засега не е познато дали Чави е заинтересиран за работата во Торино или и понатаму ќе чека понуда која му одговара.
Без ангажман шпанскиот стратег е од заминувањето од Барселона со која претходно ја освои титулата во сезоната 2022/2023.