„ЧатГПТ“ не знае сè: Газдата на Реал Сосиедад не го послушал и се израдува на трофеј

by Стефан
1 минути читање

Претседателот на Реал Сосиедад, Хокин Аперибај, сподели необична приказна поврзана со изборот на нов тренер, пред да го ангажира Пелегрино Матарaцо, побарал мислење и од вештачка интелигенција, односно популарниот „ЧатГПТ“.

Матарaцо пристигна во декември, во период кога тимот се наоѓаше на само два бода над зоната за испаѓање. Од тогаш, ситуацијата целосно се промени, а врвот на добрата форма беше освојувањето на Купот на кралот пред неколку дена.

Прославата беше спектакуларна и во понеделникот, пред околу 100.000 навивачи, клубот ја одбележа титулата. Интересно, неговото назначување зимава беше дочекано со дозна на скепцитцизам во шпанските медиуми, особено поради тоа што не зборува шпански и никогаш претходно не работел во Шпанија. Сепак, ризикот се исплатеше.

Во изјава за „Кадена СЕР“, Аперибај откри дека на почетокот не бил запознаен со работата на тренерот.

„Ерик Бретос (спортскиот директор) ми го предложи Матарaцо. Од љубопитност го прашав ‘ЧатГПТ’ дали е добар избор за Сосиедад и одговорот беше – не. За среќа, му верував на Ерик“, изјави Аперибај.

Тој додаде дека конечниот впечаток го добил по серија разговори.

„Не го познавав, но уште на првиот состанок ме воодушеви, имаше детална анализа за тимот и знаеше сè. Одлуката ја донесов дури по петтиот разговор“, истакна првиот човек на Сосиедад.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×