Чалханоглу буквално моли да си оди од Интер!

by 24 фудбал
1 минути читање

Хакан Чалханоглу сака да го напушти Интер и по секоја цена да се врати дома, во Галатасарај.

Иако има важечки договор, турскиот репрезентативец побарал да биде ставен на трансфер листа и директно се обратил до челниците на клубот со емотивна порака:

Ве молам, пуштете ме дома. Дојдов бесплатно пред четири години и секогаш го давав максимумот. Сакам да заиграм за Галатасарај и ве молам, разберете ме“, се зборовите што, според медиумите, им ги кажал на раководството.

Чалханоглу, кој никогаш досега не настапувал за клуб од Турција, кариерата ја започна во Карлсруе, а потоа играше за Хамбургер, Баер Леверкузен, Милан и од 2021 година е дел од Интер, каде се етаблираше како еден од најдобрите играчи на тимот. Сега, желбата му е јасна – да се врати дома и конечно да облече дрес на Галата.

Фото: Inter/Twitter

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×