Чаби Алонсо е сè погласно поврзуван со заминување од Баер Леверкузен и преселба во Реал Мадрид на крајот на сезоната.
Како што стојат работите, „кралевите“ ќе се разделат со Карло Анчелоти, а поради фантастичната работа во Леверкузен и минатото во Мадрид, Чаби се наметнува како прв избор за нов тренер. Шпанецот и понатаму вешто избегнува конкретен одговор за иднината, сметајќи дека не е време за такво нешто.
„Ја разбирам желбата на Баер да имаат јасна слика што поскоро. Кога треба да се донесе одлука, ние сме искрени и директни. Не чувствувам притисок да решавам веднаш. Ситуацијата е чиста, а за сè постои вистински момент. Сè уште е рано за конкретни одлуки“, изјави Алонсо.
Инаку, по минатогодишниот успех со дупла круна и финале во Лига Европа, за Чаби интерес покажаа и Ливерпул и Баерн Минхен, но тогаш реши да остане во Леверкузен.
Фото/Photo: Bayer Leverkusen/Twitter