Чаби Алонсо и Флорентино Перез во недоразбирање околу првото засилување на Реал Мадрид

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Чаби Алонсо го побарал Мартин Зубименди од Реал Сосиедад како прво засилување во Реал Мадрид, но претседателот Флорентино Перез нема да му ја исполни желбата.

„Кралевите“ летоска ќе добијат нов тренер, Карло Анчелоти ќе го напушти „Бернабеу“ а на негово место ќе пристигне Чаби Алонсо.

И покрај тоа што ваквите вести не се официјално потврдени, медиумите шпекулираат за тоа како ќе изгледа Реал Мадрид под водство на Чаби Алонсо.

Се говори дека Чаби Алонсо како прво засилување го побарал Мартин Зубименди од Реал Сосиедад, верува дека овој фудбалер може да одигра клучна улога во средниот ред.

Сепак, Флорентино Перез нема да му ја исполни желбата, претседателот на Реал Мадрид има други планови и верува дека тимот е добро покриен на оваа позиција со играчи како Едуардо Камавинга и Орелиан Чуамени, па нема потреба да се потрошат 60 милиони за ангажман на Мартин Зубименди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани