Чаби Алонсо го одредил стартниот состав на Реал Мадрид, има еден изненадувачки избор

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Чаби Алонсо веќе знае како ќе изгледа почетниот состав на „кралевите“ за сезоната 2025/26, стратегот има еден изненадувачки избор и веднаш ќе му даде важна улога на младиот Франко Мастантуоно.

Реал Мадрид почнува нов проект ова лето, Чаби Алонсо е именуван за тренер, пристигнаа Дин Хујсен и Трент Александер Арнолд, а се очекува по Клупското светско првенство да бидат ангажирани и Алваро Карерас и Франко Мастантуоно, како и уште еден фудбалер од средниот ред и напаѓач.

Како што пренесува Кадена СЕР, Чаби Алонсо на ум веќе има стартни 11 и знае како ќе изгледа почетниот состав.

Стратегот нема да го користи системот од Баер Леверкузен и во Мадрид ќе игра со формација 4-4-2.

Тибо Куртоа ќе биде на голот, Трент Александер Арнолд и Алваро Карерас како бекови, додека Дин Хујсен и еден од Едер Милитао и Антонио Ридигер во срцето на одбраната, младиот Асенсио ќе падне во втор план.

Во средниот ред ќе бидат Орелијан Чуамени, Феде Валверде, Џуд Белингем и изненадувачки Франко Мастантуоно, Чаби Алонсо планира веднаш да му даде важна улога на младиот Аргентинец.

Нападот ќе биде предводен од Винисиус Жуниор и Килијан Мбапе, додека пак Родриго ќе мора да се задоволи со место на клупата.

Чаби Алонсо со ваков состав сепак нема да може да настапи на Клупското светско првенство со оглед на тоа дека Алваро Карерас и Франко Мастантуоно ќе пристигнат во август.

ФОТО: X/Real Madrid C.F

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×