Често прави проблеми надвод од теренот… коронавирус криза… но Дортмунд за Санчо бара 130 милиони евра

by
1 минути читање

Џејдон Санчо важи за еден од најперспективните млади играчи во Европа,
подолго време е на радарот на гигантите и се говори дека Манчестер јунајтед најсериозно загризал.

Се шпекулира дека „ѓаволите“ во неколку наврати оствариле контакт со
Англичанецот и ги испеглале сите детали, од должина на договорот, плата и
бонуси па се до огромна откупна клаузула.

Но потешкиот дел од задачата е пронаоѓање на заеднички јазик со Борусија
Дортмунд за висината на обесштетувањето.

Џејдон Санчо често прави проблеми надвор од теренот, од таборот на „милионерите“ признаваат дека им е тешко да се справат со
карактерот на играчот, плус во моментов има коронавирус криза… Но и покрај
тоа Борусија Дортмунд сака убаво да се офајди од продажбата на напаѓачот и
постави цена до 115 милиони фунти (околу 130 милиони евра).

Раководството на Манчестер јунајтед пред неколку месеци било расположено да
го урне трансфер рекордот на Велика Британија
, но сега има голема доза на резервираност
кај „ѓаволите“ бидејќи има многу прашалници за иднината, трансфер пазарот и
цената на фудбалерите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×