Челси упорен за Хакими, го нуди и Алонсо

by
1 минути читање

Челси наводно ја
зголемил понудата до Интер за ангажман на Ашраф Хакими, со тоа што освен 60
милиони евра, го нуди и Маркос Алонсо, додека пак, се верува дека ПСЖ засега
има понуда во висина од 65 милиони евра.

„Нероаѕурите“
досега ставија јасно дознаење дека нема да му дозволат на Хакими да си замине
се
додека не пристигне
понуда од барем 80 милиони евра, иако тоа би можело да се постигне со понуда од
70 милиони евра, а дополнително и бонуси кои ќе зависат од перформансите на
бекот.

Претходно и
Челси, но и ПСЖ понудија по 60 милиони евра, а обете понуди беа категорично
одбиени од страна на Интер, со тоа што ПСЖ придодаде 5 милиони евра.

Тоа што е
познато, Интер од поодамна е заинтересиран за услугите на Алонсо, така беше и
лани, но тогаш на кормилото на италијанскиот првка беше Антонио Конте.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×