Челси тргна со убедлива победа над Кристал Палас (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Резултатот го отвори Алонсо со прекрасен гол од слободен удар во 27. минута. На пет минути пред крајот на првиот дел Пулишиќ реализираше за 2-0.

Во 58. минута дебитантот Чалоба со фантастичен удар од далечина ги постави конечните 3-0.

Лестер со гол на Варди во првото полувреме го победи Вулверхемптон со 1-0.

Евертон со пресврт во второто полувреме славеше над Саутемптон со 3-1. 

Гостите поведоа со гол на Амстронг во првиот дел, Ришарлисон, Докуре и Калверт Лиун реализираа за победа на тимот на Рафаел Бенитез.

Брајтон со 2-1 победи на гостувањето кај Барнли, Ватфорд на свој терен беше подобр од Астон Вила со 3-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×