Челси третпат во еден месец го победува Тотнем (ВИДЕО)

by
0 минути читање

По поразот од Манчестер Сити и ремито против Брајтон, Челси го совлада Тотнем и освои три големи бода.

Ова е трета победа на Челси над Тотнем во овој месец откако сините двапати триумфираа во полуфиналните натпревари од Лига Купот.

Челси доминираше на натпреварот, а двата гола беа постигнати во второто полувреме.

Во 47. минута Зијеш со перфектен удар погоди во самиот агол од голот на Лорис за водство на Челси од 1-0.

Осум минути подоцна Тиаго Силва реализираше со глава за конечни 2-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×