Челси тешко ќе се откаже од Албанецот кој импресионира во Саутемптон, Тухел има високо мислење за него

by
1 минути читање

Албанскиот фудбалер Армандо Броја максимално ја користи шансата во Саутемптон, синоќа му даде гол и на Вест Хем во ФА Купот.

Светците сакаат да го задржат, сакаат перманентно да го купат, но Броја колку игра подобро, толку е поблиску до шанса да заигра во Челси.

„Армандо станува се подобар и подобар, многу посебен фудбалер со посебна сила“, изјави синоќа Томас Тухел.

Челси се уште не донел одлука што ќе прави со Броја, но ако реши да го продава неговата цена сигурно ќе биде голема.

Албанецот има само 20 години, а веќе изгледа искусно и моќно на теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани