Челси суспендираше четворица навивачи

by
1 минути читање

Челси
суспендираше четворица свои навивачи од нивно присуство на нивните натпревари,
сево ова доаѓа откако се отвори истрага за расистички напади кон ѕвездата на
Манчестер Сити, Рахем Стерлинг од мечот во саботата.

Тимот од Стемфорд
Бриџ му го нанесе првиот пораз сезонава на бранителот на трофејот во
Премиерлигата, совладувајќи го со 2-0 пред своја публика, но, расистичките
напади кон англискиот репрезентативец оставија црна дамка од дербито.

Челси потврди
дека се води истрага за тој случај, а воедно ги потврди и информациите за
суспензијата на четворицата свои навивачи, доколку истрагата ги потврди
обвинувањата, на навивачите им се закануваат големи санкции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани