Челси со гол во 105. минута се протна во осминафинале, Плимоут промаши пенал во самиот финиш (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Третолигашот приреди шок на Стемфорд Бриџ уште во осмата минута од мечот кога преку Гилеспи дојде до водство од 1-0.

Челси веднаш тргна офанзивно кон израмнување, се редеа шанси, конечно Аспиликуета во 41. минута го изедначи резултатот на 1-1.

Сините се обидуваа да дојдат до комплетен пресврт но не одеше, во 90. минути немаше победник, заврши 1-1 па се премина во продолженија.

Конечно во 105. минута Алонсо постигна гол за пресврт и водство на Челси од 2-1.

Но, тоа не беше се, во 117. минута Харди не реализираше пенал за Плимоут и пропушти да го однесе натпреварот во пенал серија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×